Младата мајка Јана Бурческа ужива во мајчинството.
Имено пред пет месеци, таа со сопругот Александар Филиповски, после атрактивното објавување на веста за бебето и запросувањето на Евровизија, станаа родители на девојче по име Дона.
24-годишната пејачка конечно ја покажа својата преслатка ќеркичка пред јавноста на социјалната мрежа Инстаграм.
Очигледно Дона стана дел од секојдневните обврски на мама, од нејзиното кафе, но и од професионалниот живот.