Во хавајската митологија Пеле, Божицата на Огнот е одговорна за пожари, громови, ветер и вулкани.
Митската фигура, исто така, е заслужна за создавањето на Хавајски Острови сами по себе.
Но, очекувано, таинствена жена никогаш не била фатена на камера.
Сепак, фотографии направени за време на ерупцијата на вулканот Килауеа, 600.000-годишна структура на Хаваи, се чини дека ја покажаа божицата како луто излегува надвор од топлата пепел.
Тоа е најверојатно вулканот во кој се верува дека Пеле живеела во внатрешноста.
Очите, носот, устата и косата, се чини дека се видливи во кадарот кој е направен на почетокот од овој месец.
Ворен Финц, 40, туристички водич, кој ја направил фотографијата вели: ,,Експлозијата е позната како пареа експлозија – се случува кога стопена лава го исполнува морето.”
Легендата вели дека ако некој ги краде карпите на Пеле или не ја почитува, тогаш оган и лава ќе заврнат врз нив.
Се чини дека Ворен можеби несвесно го навреди ова огнено божество.