Категории

Дерматолозите откриваат: Дали маската за лице и штети на вашата кожа?

Кога последен пат нанесовте маска на вашето лице и ја оставивте да се засуши според препорачаното време?

Жените честопати се нестрпливи или едноставно забораваат да ја извадат маската од лицето на време, бидејќи сметаат дека нема ништо лошо во тоа доколку маската ја остават малку подолго од препорачаното.

Сметаат дека на тој начин дури и ќе имаат подобар ефект на кожата. Меѓутоа, тоа не е вистина. Напротив, не и правите ништо добро на кожата доколку маската ја оставите подолго време. Всушност, големи се шансите на тој начин да ја оштетите кожата.

Причината зошто на секоја маска пишува колку време треба да се држи на лицето е поради состојките кои се во неа.

Главната состојка која е важна се киселините бидејќи тие се чувствителни на времетраењето, па ако ги оставите предолго на лицето, може да предизвикаат црвенило и сува кожа. Секогаш чувајте ја маската на лицето според препорачаното време и по нејзиното вадење нанесете хидратантна крема за да избегнете било каква иритација.

Што значи, освен ако на амбалажата на маската не пишува да ја оставите да делува преку ноќта, бидете паметни и наместете аларм за да ја извадите навреме.