Категории

3 начини како да носите хеланки и да имате супер стајлинг

Можеби никогаш не ти паднало на памет за вечерното дотерување да ги избереш твоите хеланки, но еве одлични примери кои можеби ќе ти го променат мислењето!

Имено хеланките се парче кое обожаваме да го носиме по дома, а за да се појавиме во нив пред целиот свет сепак треба да смислиме многу добра комбинација.

Еве три супер примери:

1.Спортска комбинација

Хеланките се неизбежно поврзани со вежбање во теретана и трчање, но што мислите за слатка спортска комбинација- хеланки, маичка, бомбер јакна, кул патики? Удобно и тренди!

2.Кошула и хеланки се одличен спој!

Моменталнит тренд на кошула-фустан ќе изгледа одлично со хеланки. Секако тие не мора да бидат памучни, туку може да ги замените со кожни и да добиете супер тренди трансформација!

3.Хеланки + кроп топ

Можеби и најдобар начин како да ги носите хеланките перодов е баш овој! Наједноставна и најбрза идеја како да ги носите вашите хеланки, а да изгледате како познатите блогерки од Инстаграм.

 

 

Прегледи:
470
Објавено на:
19.04.2018