Некои од нас, го обожаваат вкусот на овошните торти повеќе дури и од чоколадните. За сите љубители на лесните овошни торти, ви го претставуваме рецептот за сочна, вкусна и едноставна торта со малини.
Состојки за бисквитот:
- 5 белки
- 5 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 1/2 прашок за пециво
- 1 дл млеко
Состојки за кремот:
- 5 жолчки
- 50 гр шеќер
- 500 гр маскарпоне сирење
- 2 дл крем за шлаг
- 6 желатини
- 150 гр малини
- 300 гр малини
Подготовка на бисквитот:
Белките на собна температура изматете ги со миксер, додавајте лажица по лажица шеќер додека матите. Додадете брашно и прашок за пециво и измешајте со лажица. Кората печете ја во калап со дијаметар 28 цм околу 10-15 минути во рерна загреана на 200°Ц.
Подготовка на кремот:
Изматените жолчки со шеќер испечете ги на 72°Ц. Потоа оладете ги. Со миксер измешајте го сирењето, кремот за шлаг и стопениот желатин.
Останата подготовка:
150 гр малини ставете ги во блендер и процедете ги. Сокот од малини змешајте го во половина од кремата. Испечените бисквити прелијте ги со топло млеко и оладете ги. На бисквитите ставете 300 гр малини и прелијте ги со кремот од малини. Оладете во фрижидер и потоа прелијте со белиот крем. Тортата држете ја во фрижидер околу 10 часа пред послужувањето.
Добар апетит!