Категории

Овие 3 знаци се најголемите „трачари“ во друштвото

Внимавајте кога им се доверувате на овие пријатели, бидејќи најверојатно таа информација ќе ја проследат некому и ќе ги откријат вашите тајни!

Овен

Овновите обожаваат трачеви, а ни озборувањето не им е непознато. Тие можат „од мува да направат слон“. Иако се трудат да ја сокријат својата негативна страна и вешто да ве вплеткаат во мрежата на озборување, ќе ви треба време додека го сфатите тоа. Но, штом ќе се опушти Овенот, почнува лавината од сочни трачеви и озборувања.

Водолија

Овој знак обожава да е во друштво, но и да споделува информации со сите во екипата. Со задоволство коментира се и сешто, а неговата отвореност нема граница ни кога се работи за приватниот живот. Сака да биде упатен во се, така што без проблем ќе ве испрашува и за најинтимните работи, дури и оние кои не сакате да ги поделите со другите.

Стрелец

Стрелците се многу комуникативни, имаат многу пријатели со кои сакаат да зборуваат за се и сешто. Бидејќи љубовта за нив е особена важна, тие без проблем говорат и за своите љубовни и сексуални искуства пред личноста која им се допаѓа. Секогаш ги озборуваат поранешните девојки/момчиња. Стрелецот не смета дека неговиот интимен простор е нешто што треба да го чува од другите, а така ќе се однесува и кон вашите приватни работи.

Прегледи:
585
Објавено на:
24.04.2018