Сексот е голем дел од љубовната врска. Иако се смета дека тоа е само дополнување на постоечкиот љубовен однос, преку сексот всушност се зацврстува интимната врска.
1. Мисионерска положба
Често се смета за основна положба во сексот, но тоа не значи дека треба да биде досадна. Оваа положба е идеална за емотивно поврзување, бидејќи оваа положба ги поттикнува погледите, звуците, допирите.
Шепотење, дишење, контакт со очите и телата поттикнуваат врзување и поголема интимност од другите положби.
2. Кучешка поза
Положбата во која еден партер е позади другиот можеби не изгледа многу интимна, но го поттикнува еден од најдобрите начини за сексуално и интимно поврзување помеѓу партнерите, бидејќи во повеќето случаи партнерите во исто време доживуваат оргазам. За жените оваа положба е добра бидејќи до ведува до голема пенетрација и огромно уживање.
3. Под туш
Сексот под туш ви овозможува потполно да се посветите еден на друг, и да добиете време да ги истражите своите тела. Топлата вода, уживањето и звукот на водата дополнително ќе ве опуштат и ќе ви дадат поттик за фантастичен секс.
4. Положба лажица
Водење љубов додека сте во константна прегратка ќе го зголеми нивото на хормонот за љубов, окситоцин, и ќе го подобри расположението. Мажот кој лежи под жената и ја гали со рацете, стиска и гушка уште повеќе ја зголемува интимноста.
5. Седечки лотус
Оваа положба им овозможува на партнерите иста количина интимност која ја имаат во мисионерската поза. Вашите лица се допираат, доволно блиску за поглед или бакнежи, телата исто така се испреплетени се едно со друго и врската е многу силна.