Овен
Исполнете си го ветувањето и денес почнете со диетата за која подолго време собирате храброст. Летото полека доаѓа, па зошто да не го пречекате со совршено тело?
Бик
Послушајте ги советите кои ви ги кажуваат пријателите, тие го посакуваат најдоброто за вас. Не бидете затворени и споделете ги вашите чувства со нив, така ќе се чувствувате подобро.
Близнаци
Нема ништо подобро од читање книга додека ги чувствувате топлите сончеви зраци. Денес искористете го денот за мала рекреација и за средба со пријателите. Внимавајте на болките во мускулите.
Рак
Проблемите на работа никако не носете ги дома, бидејќи така ќе предизвикате караници со семејството. Кон крајот на денот, очекувајте некое изненадување од личност од спротивниот пол.