Категории

Во кои ситуации треба да премолчите и да ја држите устата затворена?

Добитничката на Нобелова награда во 1991 година, Aung San Suu Kyi, изјавила дека премолчувањето е важно исто колку и разговорот. Тоа значи дека постојат ситуации кога е подобро да ја држите устата затворена отколку да проговорите.

– Кога вашите зборови негативно ќе влијаат кон некого

Разговарајќи со некого со намера да го повредите е губење на време. Тоа особено е така кога тој „некој“ е колега, пријател, роднина или сопружник.

– Кога можете да правите нешто продуктивно

Не го трошете своето време на празни муабети кога може да правите нешто продуктивно. Водењето муабет без цел значи дека сакате да ги избегнете обврските.

– Кога сте нерасположени

Запомнете дека не постои пишан закон со кој сте приморани да разговарате кога сте нерасположени. Затоа, можете да изберете да молчите.

– Кога немате што да кажете

Ироничен е фактот што водењето секојдневен разговор се смета за вештина, а тишината за непријатност. Запомнете, вие не сте обврзани да разговарате кога немате што да кажете.

– Кога немате факти за да го поткрепат тоа што сакате да го кажете

Зборување на тема за која немате докази или факти може само да предизвика да изгледате смешно. Доколку се работи за чувствителна тема, треба да ја држите устата затворена додека не добиете доволно информации за да дискутирате.

Прегледи:
376
Објавено на:
15.05.2018