Овен
Не двоумете се помеѓу обврските и пријателите. Пријателите треба секогаш да ви бидат на прво место, а обврските можат да почекаат и до утре. Затоа, поканете ги на кафе и споделете ги трачевите од изминатава недела.
Бик
Ве очекува романтична понуда од некоја црна личност со кафеави очи. Не одбивајте ја веднаш понудата, туку размислете, можеби делите многу заеднички работи и хобија со таа личност. Одете на состанок и дознајте!
Близнаци
Денес е поволен ден за забава со пријателите. Поминете малку време оделени од партнерот, бидејќи и тој си има свое друштво. Вечерва бидете само вие и вашите пријатели и забавувајте се најдобро што знаете.
Рак
И покрај стресниот старт на денот, веќе од попладне работите ќе се средат, а вие конечно ќе можете да здивнете. Бидете оптимисти, на повидок е нешто ново, интересно и романтично. Бидете трпеливи!