Категории

4 природни начини да го забрзате растот на косата

Некогаш се потребни месеци за да забележите дека косата малку пораснала. Но, постојат и природни начини да го поттикнете растот.

Редовно потстрижување

Иако делува на прв поглед како решение – да избегнувате шишање, всушност со редовно кратење на врвовите ќе го поттикнете растот на косата.

Умерено миење

Премногу шампон и хемикалија во косата може да ја отстранат природната маснотија на кожата на главата и да го успорат растењето на косата. Затоа мијте ја косата редовно, но не користете премногу шампон.

Балсам со секое миење

Честопати жените го избегнуваат балсамот за коса. Тоа е речиси вообичаена грешка. Секој пат нанесувајте го на косата, поточно на краевите. Спречете го оштетувањето и кинењето на влакнта.

Масажа со масло

Природните масла можат да го поттикнат растењето на косата. Едно од најдобрите е рицинусовото масло.

Прегледи:
424
Објавено на:
10.06.2018