Категории

Верувале или не, Снуп Дог потполно го промени начинот на живот и пее друг вид на музика

Американскиот рапер, музички продуцент и текстописец, Снуп Дог, утеха и мир пронашол во духовната музика. Издал дебитантски албум насловен како „Библија на љубовта“, кој содржи 32 песни за Бог, Исус, љубов, благослов и слава. Албумот се наоѓа на прво место на листата на госпел албуми откако излегол.

Снуп Дог во потполност се променил и се свртел кон госпел музиката, помалку користи опијати, а на својот Инстаграм профил дели само позитивни мисли. Раперот деновите ги поминува во друштво на луѓе кои мотивираат и поттикнуваат добри дела. Концерти одржува редовно, а обожавателите коментираат како се посветил на себе и на луѓето околу себе.

@c2Montreal #c2M18 @merryjane

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg) on


Веќе не е дрзок. Имам чувство дека е потполно нов човек и драго ми е што вовел промени во својот живот– бил еден од коментарите.

Со своите следбеници на Инстаграм дели текстови и слики кои инспирираат и поттикнуваат на подобра поврзаност со Господ. Раперот вели дека во таа мисија ќе му помогне неговиот нов госпел албум кој е спој на љубовта и вербата за подобро утре, но и надеж дека сите луѓе ќе пронајдат мир.

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg) on


Дали ќе успее да продолжи со ваквиот начин на живот и со снимање на духовна музика останува да видиме, бидејќи за многумина е тешко да поверуваат во оваа негова промена.

Прегледи:
515
Објавено на:
11.06.2018