Категории

Зачинете ја атмосферата во спалната соба со помош на овие 4 трикови

Иако за вкусовите не се зборува, кога станува збор за мажите и сексот, постојат заеднички допирни точки. Тоа се однесува на неколку женски потези на кои ниеден маж не може да им одолее, па затоа подгответе се и изненадете го вечерва!

1. Огледало

Поставете го огледалото во собата на место од каде што ќе можете да ги следите вашите сексуални моменти. Мажите уживаат да ја гледаат својата партнерка за време на секс, па доколку сте доволно смели, подарете му го тоа задоволство.

2. Потпетици

Мажите сметаат дека жените на високи потпетици изгледаат секси. За промена, во теот на сексот останете во омилените потпетици.

3. Мастурбирање

За мажите не постои поеротична сцена од онаа во која жената сама се забавува. Дочекајте го во креветот и покажете му на кој начин функционира вашето тело – нема да верувате колку ќе се возбуди.

4. Фотопарат

Фотографирајте или снимите неколку жешки моменти, како спомен за вашиот маж. Секако, направете го тоа само доколку сте сигурни дека нема да ги злоупотреби вашите фотографии, а најдобро е веднаш по гледањето да ги избришете или да ги чувате кај вас.

Прегледи:
770
Објавено на:
19.06.2018