Пејачот Џастин Бибер и манекенката Хајли Болдвин се старо-новиот љубовен пар на светската сцена. Од извори блиски на парот, се вели дека тие двајца се многу заљубени еден во друг.
„Бибер (24) и три години помладата манекенка конечно се во врска“, пишуваат светските медиуми. За да биде уште поинтересен нивниот почеток, познато е дека всушност таткото на Хајли, актерот Стивен Болдвин е оној кој ги запознал уште во 2009. година. Гласините дека тие двајца се заедно започнале уште во 2014. година. Тогш Бибер го демантирал тоа и ги нарекол луѓето кои измислуваат такви приказни „луди“.
Иако подоцна во повеќе наврати се видени заедно, таткото на Хајли изјавил дека тие се само пријатели, а за Бибер имал само позитивни зборови и пофалби.