Категории

Ова ќе им се допадне на сите жени: Како да ги зголемите усните без операција?

Зголемувањето на усните со филери е естетска корекција на која се одлучуваат голем број жени, но ретки се случаите во кои и по зафатот усните остануваат правилно пополнети и го задржуваат природниот облик.

Шест чекори до совршени усни

За правилно исцртување на полни усни, потребно ви е моливче за уста, кармин, сјај, коректор и хајлајтер.

1. Усните треба да ги хидрирате за да постигнете што подобар ефект, но доколку немате време за тоа, тогаш на почеток на шминкањето ставете крема или балсам кој малку ќе ја регенерира кожата на усните додека ја нанесувате останатата шминка.

2. Кога ќе дојде на ред мачкњето на усните, извадете ја кремата или балсамот за усни и нанесете го коректорот в боја на тен, или пудра која веќе сте ја користеле на лицето.

3. Потоа започнете да ја исцртувате устата со добро наострен молив за усни почнувајќи од едниот крај на горната усна кон средината. Усните треба да бидат затворени додека полека ја исцртувате линјата по природната ивица на устата или благо над неа. Потоа, исцртајте ја долната уста, исто така од краевите кон средината. На крај, целите усни пополнете ги со моливчето.

4. Потоа нанесете кармин во иста боја како моливчето или за нијанса потемен или посветол.

5. Со коректорот полека тргнете го вишокот околу усните и исправете ги неправилностите, а над усните нанесете малку хајлајтр, водејќи сметка да не претерате.

6. На крај, ако сакате сјај, додадете го на средината на горната и долната уста, со што ќе ги зголемите усните визуелно. Моливчето треба да се зацврсти на устата, бидејќи на тој начин шминката ќе ви трае подолго.