Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (14 – 15 ЈУЛИ, 2018)

Овен 

Овој викенд едноставно може да бидете на услуга на сите, и да трчате од еден на друг некому да му помогнете, некого да го услужите, некого да го лечите. Значи еден куп активности и поради времето доста проблеми околу вас со здравјето на домашните.

Бик

Вашето пак внимание ќе биде насочено викендов кон некакви почетоци или завршувања на некакви стории, по се изгледа чувствени или љубовни, а почетоците можат да бидат со личност од спротивниот пол која ќе биде таа кон која ќе ги насочувате вашите интереси и чувства, иако ќе бидете привлечени од атрактивниот изглед на истата.

Близнаци

Бидејќи може да сте викендов исклучително повредливи како резултат од изминатите денови и влијанијата на планетите, ќе се фрлите во некакви конспиративни зафати и односи, се што ќе правите ќе биде на некој начин конспиративно, тајно, но промислено и калкулативно.

Рак

Забавеното темпо овие два дена нема да ви донесе олеснување, туку напротив. Вишокот на слободно време како да работи против вас, бидејќи премногу размислувате и гледате проблеми дури и онаму каде ги нема.Финансиската ситуација е нестабилна, па тоа ви ги нарушува семејните односи.

 

1 2 3

Прегледи:
948
Објавено на:
13.07.2018