Категории

Невидена акција: Соседите го спасиле момчето од сигурна смрт, паѓајќи од зграда (ВИДЕО)

Во возбудлива акција група соседи во Минск успеале да го спасат животот на петгодишното момче кое паднало од прозор од станот на седми спрат.

Неговата мајка го оставила сам бидејќи бил казнет, а тој се качил на прозор за да види кога ќе се врати неговата мајка. На снимката се гледа како момчето беспомошно паѓа на ќебето кое го држат соседите.  Момчето најпрво го забележал припадник на локалното обезбедување, кој веднаш ги алармирал присутните. Група соседи веднаш излегле пред зградата со ќебе – и в последен момент успеале да го фатат момчето.

 

Прегледи:
393
Објавено на:
13.07.2018