Желе ноктите се светски хит за ова лето. Не се работи за нокти кои се јадат, туку наречени се така поради својата необична структура.
Оваа необична техника подразбира ноктите да бидат налакирани со непровидна боја и потоа им се додава делумно првиден продолжеток. На тој начин тие изгледаат како да се од желе.
Може да се направат во било која боја, но на социјалните мрежи може да се забележи дека особено популарни се флуоресцентните бои со кои ефектот е максимален.
Обликот на ноктите е исто така по избор, но за овој ефект треба да бидат што подолги.