Категории

Природни масла кои ја заштитуваат косата од сушење и оштетување

Доколку ви здодеа постојано да ги кратите врвовите на косата, вратете го природниот сјај и живот на влакното со помош на природни состојки.

Косата е чувствителна во текот на целата година, но летно време стнува особено кршлива и нежна поради неповолните услови – топлина, сол и хлор. На косата и е потребна „храна“ со која ќе се брани против солта и сонцето, па затоа пред летувањето искористете ги природните масла за нејзина нега и одржување.

Арганово масло

Ова масло на косата и подарува сјај и хидратација, нудејќи и кралски третман. Аргановото масло се користи како регенератор, а во текот на летните месеци ја штити косата од неповолното влијание на сонцето и солта. Исто така, го храни и коренот.

Масло од јојоба

На оштетените врвови по миењето на косата нанесете масло од јојоба, бидејќи тоа има силен ефект врз регенерирањето на коренот. Ако се врвовите многу суви, маслото од јојоба може да го нанесете неколку пати во текот на денот.

Кокосово масло

Многу популарно масло во последно време, а уште во минатото Индијките го користеле за расчешлување на косата. Го спречува губењето на косата, ги опоравува оштетените влакна и помага при нејзиното обликување.

Рицинусово масло

Може да послужи како одличен регенератор за косата, така што можете да го нанесете на косата по миењето со шампон, додека косата е се уште влажна. Нанесете го на врвовите. Го поттикнува нејзиниот раст, а може да го отстрани и појавувањето на првут.

Чичково масло

Го поттикнува растот на косата, а помага и против опаѓањето и зацврстувањето на косата. Освен што го зацврстува коренот, го спречува сушењето на влакното, како и пукањето на врвовите и длабински ја негува косата.

Прегледи:
796
Објавено на:
23.07.2018