Вчеравечер светот со големо восхитување сведочеше за најдолгото помрачување на Месечината во овој век, феномен кој е познат како Крвава Месечина.
Лунарната еклипса беше видлива и кај нас, каде што временските услови дозволија, а вака макдонските фотографи го документираа моментот.
На плоштад Македонија, Скопското астрономско друштво организираше настан за следење на помрачувањето. Како што пишуваат на нивниот профил, за жал иако биле обезбедени повеќе телескопои, временските услови не дозволиле добро да се види крвавата месечина.