Да помогнеме на малата Михаела со мала донација да изврши успешен третман да може сама да оди!
Михаела има 4 години и на 6 месечна возраст констатирано е дијагноза: G 80 церебрална парализа – хипотонична.
Михаела не зборува, не седи и не оди, има груба моторика но психички е здрава. Упатувана е на физикална за јакнење на мускулатурата во болницата Еразмо, Мајчин дом, Козле, на приватен физиотерапевт, но сето тоа не покажало никакви резултати.
Дознале за специјализираната болница за вакви болести, Ренона во Словачка, каде во мај оваа година поминале 11 дневен третман.
После првиот ден приметиле подобрување кај Михаела а после 11 дена резултатите биле повеќе од охрабрувачки. Сега самостојно седи и ја држи главата нормално! Препораката е дека со уште 2(два) рехабилитациони циклуси Михаела ќе може самостојно да оди!!!
Досега собравме околу 70.000 денари а потребни се уште 240.000 денари за 2-та 11 дневни третмани!
ПОМОГНЕТЕ И ВИЕ СО МАЛА ДОНАЦИЈА!
НА МИХАЕЛА МОЖЕМЕ ДА И ПОМОГНЕМЕ СО ДИРЕКТНА ДОНАЦИЈА НА НЕЈЗИНАТА ДЕНАРСКАТА СМЕТКА КАКО ПРАВНО ИЛИ ФИЗИЧКО ЛИЦЕ.
ДА И ПОМОГНЕМЕ НА МИХАЕЛА ДА МОЖЕ САМА ДА ОДИ КАКО СИТЕ ДРУГИ ДЕЦА!
ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ!
Многу деца имаат потреба од неопходна помош за лекување! За сите нив, Фондацијата Допир организира
заедничка хуманитарна акција за која детално можете да се информирате на страната: www.bidihumansega.mk
Фондацијата ДОПИР од Скопје, е непрофитна Хуманитарна Организација која работи на собирање средства за помош на деца кои имаат здравствени потреби а нивните социјално загрозени семејства не се во можност да обезбедат средства за неопходно лекување. Ние сме им последна надеж дека ќе успеат.
Нашата задача е на организиран начин заедно со Вас хумани и општествено одговорни луѓе, да помогнеме
семејствата да обезбедат средства за лекување на своите најмили и со донација по Ваш избор да им дадеме
шанса овие деца да се изборат за својот живот.
ВАШАТА ПОМОШ Е НЕОПХОДНА!
Вашите донации ги распределуваме подеднакво на секое дете од нашата програма. Поддржете не, заедно да
помогнеме и овие деца да станат нечии родители!
БИДИ ХУМАН СЕГА!