Категории

Вакво нешто сигурно не сте виделе: Ова двегодишно дете е навлечено на цигари- пуши по две кутии дневно (ВИДЕО)

Двегодишното момче Рапи Ананда Памунгас од Сукамбуи во Индонезија пуши по две кутии цигари дневно, пишува Дејли Мејл.

Имено, таа лоша навика ја стекнал така што собирал пикавци пред штандот на својата мајка на пазар, а постарите деца му ги палеле остатоците од цигарите.

Во меѓувреме детето станало зависно, така што сега секогаш ги моли минувачите да му дадат цигара.

Луѓето без никакви проблеми му ја исполнуваат желбата, затоа што им е симпатично како детето ја зема цигарата, а воедно и смешно кога ќе ја запали.

Неговата мајка, 35 годишната Марјати признава дека му купува по две кутии дневно како детето не би „лудувало“.

https://www.youtube.com/watch?v=Y6vCIsJCug0

Прегледи:
414
Објавено на:
16.08.2018