Категории

ФОТО: Неодоливи фотографии од ќеркичката на Луисана Лопилато

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле се среќни родители. Откако нивниот мал син се избори со рак на црниот дроб, се роди нивната трета радост – ќеркичката Вида.

Фотографката Абигаил Кингли сподели две професионални фотографии од бебенцето. На едната е прикажана Вида во слатка облека, додека на другата, Луисана ѝ ги држи малите стапала во својата рака.

На фотографијата се гледа тетоважа на раката на Лопилато на која се испишани имињата на двете синчиња Ноа и Елијас.

Луисана ја роди Вида на 25 јули. Ѕвездата од серијата „Млади бунтовници“ и познатиот канадски пејач се венчаа во 2011 година.

Парот ги шокира своите фанови кога во ноември 2016 година објави дека Ноа се бори со рак на црниот дроб. Тие веднаш се повлекоа од сцената и се посветија на приватниот живот.

Прегледи:
417
Објавено на:
16.08.2018