Категории

По враќањето од годишниот одмор обновете ја кожата, косата и ноктите на овој начин!

Зголемената нега е важна по изложувањето на сонце бидејќи на исончаната кожа и треба повеќе влага бидејќи во домашни услови ја храниме со маски, креми и друга козметика.

По враќањето од одмор кожата изгледа уморно, погрубо, порите се затворени, а пигментацијата потемна.

Пилинг од кокосово масло за детокс

Состојки: 2 лажички сода бикарбона, 2 лажички масло од кокос.

Помешајте ги наведените состојки и направете му пилинг на лицето.

Маска за коса од кокосово масло

За сјајна и здрава коса земете помала количина (околу 1 лажичка) кокосово масло и намачкајте ја косата неколку часа пред спиење. Маслото секогаш се нанесува на сува коса, а потоа измијте ја на вообичаен начин.

Пилинг на лицето

Пилингот на лицето секогаш треба да биде нежен за да не се оштети хидролипидниот слој на кожата, што би предизвикало губење на влажноста. До 30. година може да правите еднаш неделно, а потоа 1-2 пати месечно. Особено треба да бидете внимателни доколку вашата кожа е сува и тенка.

 

 

Масло за нега на нокти

Состојки: 110 мл сончогледово масло, 1 капка етерично масло.

Ставете ги во шишенце со темно стакло и на чисти нокти ставајте по 1 капка од мешавината. Може да го користите и секојдневно.

 

Детокс купка

Помешајте 100 г морска сол, 50 г сода бикарбона, 10 г зелена глина, 5 капки етерично масло од грејп, 5 капки рузмарин 1,8 цинеол, додадете во кадата со вода и уживајт 15 минути.

Замена за крема и лосион

Наместо крема ставете на лицето неколку капки масло од авокадо. Наместо вообичаениот лосион за тело може да користите масло од бадем или кокос.

 

Прегледи:
460
Објавено на:
20.08.2018