Категории

3 рецепти за ледено кафе: Со ванила, шлаг и сладолед!

Раните утра и топлите периоди во денот, полесно се поминуваат со ладно кафе на кое сме му додале арома од ванила. Ако не сте обожаватели на ванилата, може да ја замените со лешник или карамела.

Ледено кафе од ванила

Состојки:

  • 2 лажички кафе
  • 1/2 шолја жешка вода
  • 1/2 шолја екстракт од ванила
  • 1/2 шолја млеко
  • коцки лед

Подготовка:

  • Во жешка вода помешајте го кафето и ванилата (или некоја друга арома по ваш вкус).
  • Оладете го, промешајте со млеко и наточете во чаша наполнета со лед

Инстант ледено Капучино

Состојки:

  • 1 лажица инстант кафе
  • 4 лажици шлаг
  • ванилин шеќер
  • 3/4 шолји вода
  • 4 коцки лед

Подготовка: Во миксер помешајте ги сите состојки и ставете ги во оладените чаши.

Ледено кафе со сладолед

Состојки:

  • 2 дцл оладено и засладено кафе
  • малку цимет
  • 3 лажици слатка павлака

Подготовка:

  • Во висока чаша ставете топка сладолед од кафе и чоколадо.
  • Сварете го кафето со лажица цимет, оладете во фрижидер и прелијте преку сладоледот.
Прегледи:
1640
Објавено на:
11.09.2018