Категории

2 најважни прашања кои ќе ви ја подобрат врската

Емотивните врски се како градење куќа. Почнувате од темелите, но до таванот не се стигнува толку лесно. Како што и во текот на градењето на куќата се прашувате: „Зошто го правам ова?“ и „Дали е ова добар животен потег?“, така и во врската морате да си поставите две важни прашања.

Психотерапевтот Кен Пејџ смета дека за да имате успешна и стабина врска многу е важно самите на себе да си ги поставите овие прашања:

1. Што ме инспирира највеќе во врската?

2. Што ме повредува највеќе во врската?

Имено, Пејџ истакнува дека овие две прашања се важни, бидејќи ни покажуваат дека се грижиме за односот кој го градиме.

Таа вели: „Сите сакаме да бидеме сакани и прифатени. Меѓутоа, еден дел од нас секогаш е многу ранлив. Важно е да го разбираме и цениме односот кој го градиме со некој што го почитуваме и за кого се грижиме.“

Пејџ предложува дека по одговорените прашања треба да се ставиме во кожата на другата личност и да ги одговориме прашањата онака како што мислиме дека тие би ги одговориле.

На крајот, заклучува: „Колку повеќе ги цените и разбирате работите кои ви се драги кај другата личност, тие повеќе ќе ве сакаат и почитуват. Ова ќе се одрази и на расположението и јачината на вашиот однос.“

Прегледи:
420
Ознаки:
·
Објавено на:
13.09.2018