Овен
Ќе сакате да ги спроведете своите професионални намери, и при тоа не губите време и делувате енергично во средбите со соработниците. Партнерот упорно се труди да ве наговори на неговите планови, а вие пак се наоѓате во ситуација каде сакате да поставите нови услови или љубовни правила. Вешто искористете го својот шарм.
Среќен ден: Понеделник
Бик
Продолжете со изнаоѓање на креативни идеи, но не отстапувајте од материјалните резултати. Спојот на убави и корисни работи ќе ви претставува добитна комбинација. Поради одредени сомнежи, ќе ви недостасува занос или емотивна храброст, за да можете целосно да ги изразите своите намери пред блиската личност. Сепак, љубовните околности се менуваат во ваша корист.
Среќен ден: Среда
Близнаци
Оптеретени сте со различни обврски и нови идеи со кои ќе ги заговарате вашите соработници. Со забрзан метод се трудите да завршите некои паралелни работи. Со мала волја ќе успеете да му угодите на партнерот. Повремено ќе бидете склони кон претерано идеализирање на работите, но сепак постои некој кој ќе ве усмери да ја прифатите реалната слика.
Среќен ден: Недела
Рак
Делувате доста промислено и ќе ви биде особено важно да придобиете нечија доверба. Информациите со кои располагате нема да ви претставуваат цврста гаранција за професионалниот успех, меѓутоа нема да ви смета и да преземете одреден степен на ризик. Во приватниот живот имате впечаток дека некој ве прати или пак го контролира вашето однесување.
Среќен ден: Четврток