Овен
Не знаете како да го истакнете вашиот успех па постојано барате совети. Некои совети се добронамерни но некои не, внимавајте кој и што ви кажува. Семејството како и секогаш ќе биде вашиот најголем поттикнувач да ги пребродите кризите кои доаѓаат. Песимизмот не е вашиот сојузник, исфрлете го.
Бик
На работното место ќе владее хармонија, сите заедно ќе ги извршувате потребните работи во дадениот рок. Вашата дисциплинираност, посветеноста и енергијата ќе бидат заразни. Имајте на ум дека вашиот љубовен живот стагнира, преземете неколку посмели чекори.
Близнаци
Околностите ќе ве наведат на некои несоодветни потези за кои нема да имате објаснување. Денес избегнете ги критиките, затоа што и вие ќе ги бирате полесните опции. Потребна ви е сериозна дискусија на љубовен план, толеранцијата не ве води никаде. Намерата на некоја Водолија да ви се доближи следете ја внимателно.
Рак
Потребна ви е финансиска стабилност, која ќе ја постигнете само ако се фокусирате на неопходните потреби. Соработката и понатаму ќе биде клуч за вашиот успех. Слушајте ги другите, соработувајте, па и тие вас ќе ве поддржат. Некоја Вага ќе побара од вас искрен разговор.