Да замислиме дека мажот и жената ги раздвојуваат дваесет чекори. Потребно е да ги изодите своите десет чекори и да застанете. Ако мажот не ве чека на тоа место, не правете го и единаесеттиот чекор, бидејќи тогаш ќе морате да го направите и дванаесеттиот, тринаесеттиот – и така цел живот. Секој би требало сам да ги изоди тие десет чекори.
1. Во животот привлекуваме личности кои се исти како нас самите. Ако не сте задоволни од своето опкружување, погледнете во својата душа. Ако мислите дека ве прати среќа кога станува збор за луѓето, тоа е затоа што и самите сте такви. Затоа, ако сакате да привлечете квалитетна личност во својот живот, станете и вие таква.
2. Она што го даваме, тоа и го добиваме. Однесувајте се кон партнерот онака како што би сакале и тој да се однесува кон вас.
3. На сите нас ни е потребна љубов. Љубовта означува прифаќање, искреност, нежност и грижа, тоа значи дека сме подготвени да се носиме со одговорноста, да бидеме несебични. Колку повеќе ги прикажуваме овие особини, толку повеќе ќе добиеме за возврат. Особини како што се страв, љубомора, зависност, манипулација, контрола, очекувања и набедувања, ги уништуваат односите и немаат допирна точка со љубовта.
4. Секој збор поседува моќ. Зборот може да излечи, а може и да убие. Внимавајте на она што го говорите. Етикетите, навредите и обвинувањата создаваат рани во душата кои тешко зараснуваат. Внимавајте да не ја потцените способноста да нанесете некому болка. Користете ја силата на зборовите само за да упатите убави пораки, како што се комплименти, пофалби и поддршка.
5. Довербата е елемент од животна важност без кој еден од партнерите станува сомничав, загрижен и исполнет со стравови, а другиот се чувствува како да се наоѓа во емотивна замка и не му е допуштено слободно да дише. Љубомората е потврда на стравот од самотија, ниско ниво на самодоверба и недостаток на љубов кон себе. Довербата е неопходен елемент на вистинската љубов.
6. Бидете искрени. Љубовта не е статична, туку таа е како билка која ќе расте и ќе цвета, или ќе овене и ќе умре. Се зависи од тоа како постапуваме спрема неа. Искрената комуникација е како вода, без која ниедна билка не може да преживее. Поделете ги со другиот вашите желби, ставови и чувства. Нека знае вашиот партнер дека го сакате и цените. Не плашете се да му кажете: „Те сакам“, ниту дека ќе претерате со пофалбите. Искрената пофалба е исто како сонце за билката, внесува нов живот во вашите односи.
7. Да сакате значи да подарувате дел од себе без наплата и очекувања. Ако сакате да бидете сакани, потребно е само да пружите љубов. Колку повеќе пружите, толку повеќе ќе ви се врати. Љубовта е како бумеранг, секогаш се враќа. Можеби не од личноста на која сте и ја подариле, но сепак на крај ќе ви се врати. Она што е важно е да не заборавите дека нашите залихи со љубов се неограничени.
8. Допирот е еден од најсилните облици на покажување љубов, кој го зацврстува меѓусебниот однос. Да допрете некого значи да ја допрете неговата душа. Можеби поради тоа, кога сме лути некому, велиме: „Не ме допирај!“ Потребно е што почесто да ги прегрнувате саканите личности без причина, без сексуален мотив, држете се за рака.
9. Кога сакаме некоја личност, мораме да и дадеме слобода. Слобода да носи сопствени одлуки, да живее слободно, онака како што таа сака, а не како што ние сакаме. Секому му е потребен личен простор. Во меѓусебните односи луѓето мораат да бидат слободни, бидејќи во спротивно се чувствуваат како да се во замка. Доколку навистина сакаме некого, потребно е да ги почитуваме и неговите желби и потреби. Не е секогаш лесно да го пуштиме на слобода оној кого го сакаме, но не постои друг начин. Една животна мудрост вели: „Што повеќе слобода му даваме на другиот, толку поблиску ќе биде до нас“.