Категории

Македонските „кендо-самураи“ дебитираа на Светското првенство во Јужна Кореа

Делегацијата предводена од сенсеи Златко Кеско брои шест члена, а покрај селекторот во тимот се и Ивановски, Кеско, Пешков, Бојда и Атанасовски. 

Македонија во јуни годинава на Балканското првенство во Истанбул, Турција ја одбрани бронзата, а овој турнир беше своевидна подготовка за Светското првенство, бидејќи составот на репрезентацијата е речиси ист. За „кендо“ вештината и впечатоците од Светското првенство, еден од членовите на македонската репрезентација, Владимир Пешков се обрати преку социјалните мрежи со искрено излагање и видео.

„Во 2008-ма година прв пат почнав да вежбам Кендо заедно со пола мое актуелно друштво.
Кај нас не знаеа многу за вештината исто како и денес и ние сме втората генерација следбеници на Sensei Zlatko Kesko нашиот учител од Zen Kendo Dojo “YOSHIN”-Skopje.
Низ годините имав падови и растови во поглед на Кендо и во 2016-та година дури и помислив да се откажам поради сите други обврски и се она што правев во животот.
После една подолга пауза решив да се вратам во gi и hakama и да продолжам да тренирам.
На 32 години тренирав скоро секој ден и на -10 и на +35 степени. Се вратив назад во репрезентацијата и освоив со тимот 3 бронзени медали, 2 на балканските првенства во Црна Гора во 2107-та и во Турција 2018-та и на државното првенство во 2018-та год.
Некои работи излегоа од моето секојдневие, па продолжив да тренирам со почист ум и дух и со една цел, Светското првенство во Кендо кое беше неколку месеци пред нас, а на кое ние како држава ќе имавме дебитантско учество.
Денес сум единствениот од моето друштво што продолжи, а од Кореја се вратив без медал но како првиот македонец со победа на светско првенство и едниствениот непоразен борец од тимските борби со Кина и Аргентина“, вели Владимир.

Во продолжение погледнете го видеото:

Прегледи:
785
Објавено на:
20.09.2018