Категории

Aко досега не сте направиле ајвар, сега немојте ни да го правите- еве зошто

Aко досега не сте направиле ајвар, сега немојте ни да го правите- барем така велат старите народни обичаи и календари.

Според обичајниот народен календар, 15 септември е вистинско време за почеток на правење на ајвар, но и друга зимница, вели обичајниот народен календар.

Најдобро е да се здружите со соседите или членовите на поширокото семејство, бидејќи правењето на ајвар и други традиционални зимници има и широко општествено значење. Така во првата половина на ХХ век беше обичај во селата и градовите да се соберат жени во големи дворови каде со размена на искуствата и дружење подготвувале храна за зимските месеци.

Заеднички ќе купите пиперки, ќе ги испечете, олупите, сомелете и со муабет и смеа ајварот е готов. Ајварот правете го кај некој кој има двор или куќа на село, пишува покрај останатото во обичајниот народен календар.

Прегледи:
418
Ознаки:
· ·
Објавено на:
25.09.2018