Конечно се знае кој ја купува легендарната модна марка Версаче.
Брендот Мајкл Корс се сложил да го купи брендот Версаче, склопувајќи договор вреден 1,83 милијарди евра (2,12 милијарди долари). Овој моден гигант најави и промена на името на компанијата во „Capri Holdings“.
„Возбудени сме што „Версаче“ ќе биде дел од нашето семејство луксузни брендови, а ние сме посветени на инвестирањето во неговиот раст“, изјавил претседателот и директор на Мајкл Корс, Џон Ајдол во соопштението за медиуми.
„Со полни ресусрси, веруваме дека „Версаче“ ќе порасне на преку 2,0 милијарди долари приход. Веруваме дека со заеднички сили на брендовите Мајкл Корс и Џими Чу и со купувањето на Версаче, ќе растеме уште долги години“, рекол Џон Ајдол.