Интелигенцијата може да се измери со тестови за интелигенција т.е IQ тестови. Се верува дека со овие тестови се мери генералниот фактор на интелигенција, а зависоно од Гаусовата распределба, интелигенцијата може да се подели да неколку групи:
- Многу висока интелигенција (IQ е над 150)
- Висока интелигенција (IQ од 130 до 150)
- Натпросечна интелигенција (IQ од 110 до130)
- Нормално развиена интелигенција (IQ од 90 до 110)
- Подпросечна интелигенција (IQ од 70 до 90)
- Ниска интелигенција (IQ од 50 до 70)
- Многу ниска интелигенција (IQ помал од 50)
Но, за изненадување, тука не станува збор за научни прашања, туку за одговори кои се однесуваат на нашата личност.
Прашање бр. 1: Дали ве депримира помислата да живеете опкружени со многу луѓе?
Одговор А: да
Одговор Б: не
Прашање бр. 2: Дали посакувате почесто да се дружите со пријателите, бидејќи повременото гледање не ви е доволно?
Одговор А: да
Одговор Б: не
Одговоривте на првото прашање со Б?
Ви честитаме! Интелигентните луѓе по правило немаат проблем да живеат во градови со голем број на луѓе, тврдат научниците.
А второто прашање? Овде „интелигентниот“ одговор е НЕ.
Имено, интелигентните луѓе често имаат помалку пријатели од просечната бројка – со задоволство поминуваат време сами. Луѓето кои имаат коефициент на интелигенција под 80 најчесто сакаат да бидат опкружени со други луѓе. Оние кои имаат коефициент на интелигенција повисок од 116 – најчесто се самци.