Парчето облека без кое не може да се замисли ефектна модна комбинација, сакото и оваа сезона зазема посебно место во модните комбинации на најпознатите трендсетерки на денешницата. Оваа сезона, во тренд се следните модели кои не смеете да ги заобиколите во натредниот шопинг.
Карирано сако
Карираното сако се враќа на голема врата. Па, доколку сте фан на овој дезен, оваа есен вложете во карирано одело и ќе бидете потполно во тренд.
Кремасто сако
Кремастиот капут, како и сакото, е вечна модна класика, а оваа есен овие две безвременски парчиња се соединуваат во едно. Сакото во неутрална крем нијанса одлично ќе се вклопи во секој ваш стајлинг.
Сомот
Оваа сезона во мода се удобните парчиња, но она што апсолутно мора да го имате е сакото од сомот. Ова сако секое издание го прави тренди.
Сакоа со принтови и впечатливи бои
Сакоата се во мода повеќе од било кога, особено оние со впечатливи бои, материјали, принтови… Може да ги носите и во дневни и во вечерни варијанти бидејќи се женствени, смели и поинакви. Затоа потпрете се на вашата креативност и направете оригинална комбинација.