Категории

Адријана Поп Арсова со нов македонски рекорд во маратон

Адријана Поп Арсова ја прoдолжува резултатски одличната година. Tаа го подобри македонскиот рекорд во маратон откако на трката во холандскиот Ајндховен постигна најдобро државно време на најдолгата атлетска делница трчајќи ги 42.195 километри за 3:00.37 часа што е за четири и пол минути подобро од претходниот најдобар резултат кој исто така беше нејзин.

„Нов државен рекорд подобрен за четири и пол минути. Очекував многу подобро, но пребрзата прва половина си го зема данокот на крај“ – порача Поп Арсова по трката.

Андријана Поп Арсова е државна рекордерка и во полумаратон и на 10.000 метри.

Прегледи:
711
Објавено на:
15.10.2018