Да бидеме јасни уште на самиот почеток: Некои навидум безопасни, а толку вообичаени постапки на работното место можат да ја загрозат вашата работна позиција и потенцијалниот напредок многу повеќе отколку што мислите.
Зборувате одоколу и со одредена доза на страв
Пример: „Знам дека си зафатена, но да те замолам, ако не ти е проблем, дали би можела да одвоиш време да се видиме?“
Ако имате прашање за претпоставениот или колегата, само јасно кажете што ви треба. Ако не сте директни, најверојатно нема ни да го добиете тоа што ви треба.
Покажувате преголем ентузијазам при пишување на мејлови
Пример: „Еј! Одвај чекам да си поприкажеме! Кажи ми што да носам со себе!“
Кога и раскажувате на вашата другарка како сте си поминале, ставете извичници колку што ќе посакате. Меѓутоа, кога сте на работа, сепак постојат граници.
Секому и за сѐ кажувате ДА!
Пример: „Секако дека ќе направам колачи за твојот роденден! Дали треба и да дојдам порано за да ви помогнам да украсите?“
Ако дојдете до заклучок дека премногу често ги завршувате туѓите обврски во канцеларијата, или вие сте таа која секогаш држи роденденска здравица на членовите на својот тим, најверојатно сте ја преземале улогата на канцелариски ангел. Жените умеат ова да го прават бидејќи сакаат да помогнат, но тоа може да биде мач со две острици.