Категории

Како настанала Месечината?

Создавањето на придружникот на Земјата, Месечината, беше мистерија со векови. Научниците од самиот почеток на модерната астрономија сугерирале многу теории: дека една голема планета се поделила на Земјата и Месечината, дека Месечината била планета заробена од гравитацијата на Земјата, дека Земјата и Месечината биле создадени истовремено.

Според новото истражување спроведено на Универзитетот во Мериленд, се смета дека во планетата Земја во далечното минато, се урна планета наречена Теиа (која била голема како Марс) и дека Месечината била резултат на остатоците на оваа страшна катаклизма.

Овие наоди ја поддржуваат теоријата дека облакот од остатоци и прашина темелно се измешал пред да се спои и да се олади, при што се формирала Месечината.

Научниците сé уште треба да поработат на деталите, но јасно е дека раниот Сончев систем бил „насилно место“ со многу судири. „Овие резултати не носат чекор поблиску до разбирањето на блиската фамилијарна врска помеѓу Земјата и Месечината“, заклучуваат истражувачите.