Ви недостасува инспирација за есенски модни комбинации? Ова се топ три модели на здолништа на кои нема да останете рамнодушни.
Есенската сезона официјално почна, а со неа и новите модни трендови. Покрај фустаните, елечињата и капутите, оваа есен ќе ја обележат и модерните здолништа. Во потрага по новите парчиња облека, дизајнерите повторно се вратија на женствените модели на здолништа.
1. Здолништа од сомот
View this post on Instagram
Сомотот оваа есен и зима се враќа на голема врата, а освен сакоа и панталони од сомот, здолништата од сомот се повеќе од добредојдени.
2. Кожно мини здолниште
View this post on Instagram
Мини црните кожни здолништа прераснаа во класика, а за да се постигне автентичност, останатиот дел од комбинацијата нека биде впечатлив. Бордото и темно жолтата боја се одлична подлога за трендовска комбинација.
3. Плисирано миди здолниште
View this post on Instagram
Плисираните здолништа се задолжително парче во гардероберот за оваа есен и зима. Тие изгледаат неодоливо во комбинација со блузи од плиш или чипка во викторијански стил.