Во денешно време, најголемиот тренд е експериментирањето наречено „Mix&match“, во обзир доаѓа комбинирањето на најразлични дезени, материјали и бои без граници.
Сепак, со некои работи лесно се претерува, а на самиот врв од листата се комбинацијата на мини здолниште и високи чизми.
За да го зибегнете дегутантниот изглед и впечаток дека немате вкус за стил, во комбинирањето на мини здолниште и чизми до или над колена, пред се избегнувајте ги следните две комбинации.
- Прекратко здолниште и превисоки потпетици на високите чизми
- Мини здолниште и високи чизми со платформа напред
Ако сте љубител на многу кратките здолништа, во таа комбинација најдобро одат рамните или чизмите преку колена со потпетица до 6 цм.