Помеѓу омилените есенски модели и најновите трендови, оваа есен посебно се истакнуваат фустаните и здолништата со миди должина. Проверете со кои чевли можете да ги комбинирате.
Високи чизми
Високите кожни чизми и во изминатите сезони спаѓаа во модна класика која е едноставно да ја искомбинирате. Освен класичните црни модели, можете да ги носите и оние во други бои, украсени со различни детали.
Патики
Доминацијата на патиките се зголемува од сезона во сезона, па така и оваа есен се наметнаа како еден од водечките трендови за обувки. Освен што се удобни и едноставни за комбинирање, патики даваат доза лежерност. Во комбинација со миди здолништата ќе добиете одличен „street style“ изглед.
„Biker“ чизми
„Biker“ чизмите се класичен модел кој никогаш не излегува од мода, па ако размислувате што да купите оваа есен, овие чизми нека се најдат на врвот на листата. Иако можеби е тешко да ги замислите во комбинација со миди здолниште, кога еднаш ќе ја пробате оваа комбинација сигурно ќе ви се допадне.
Чизми под глужд
Оваа есен не се ограничувајте само на патики и чизми, зачинете го изгледот и со поинакви чевли. Чизмите под глужд во последните неколку сезони се вистински хит помеѓу трендсетерките. Тие одлично ќе се вклопат во различни модни комбинации, како и со миди фустани и здолништа.