Категории

Каква порака да и испратите на личноста која ви се допаѓа?

Денес многу често врските започнуваат со запознавање преку социјалните мрежи. Се чини дека физичкиот контак е сé поредок, особено кај младата популација.

Ви подготвивме неколку совети за тоа каква порака да и испратите на личноста која ви се допаѓа.

Не го коментирајте изгледот на вашата симпатија. Ова е прво правило кога станува збор за допишување на социјалните мрежи. Луѓето најчесто ги игнорираат оваквите коментари и пораки, бидејќи делуваат површно.

Барајте ги заедничките интереси. Наместо да испраќате чудни и неопределени пораки, погледнете го нивниот профил и најдете ги заедничките интереси. Запомнете дека треба да оставите впечаток на опуштена и добра личност која сака да создаде нормална врска.

Бидете искрени. Вашата симпатија веројатно добива многу пораки на дневна основа и најверојатно ќе ги препознае секојдневните фрази кои можат да се пронајдат на интернет. Тие можеби звучат забавно, но речени се милиони пати. Со користење на познати фрази делува како да не сте доволно заинтересирани за да измислите сопствени фрази.

Доколку се заинтересирани за вас ќе знаете. Одговарајте на нивните прашања како што би одговарале на прашањата на вашите пријатели. Доколку редовно се допишувате и личноста со која сте во контакт релативно брзо враќа на вашите пораки, тоа значи дека е заинтересирана за вас. Меѓутоа, ако чекате повеќе време за одговор или пораките се многу кратки, ова обично значи дека чичноста е незаинтересирана.

Прегледи:
669
Објавено на:
15.11.2018