Категории

Погрешно го нанесуваме дезодорансот? Ова е единствениот правилен начин

Речиси сме сигурни дека не сте знаеле дека во потполно погрешно време го нанесувате дезодорансот. Луѓето најчесто денот го започнуваат со одењето во тоалет, миење, подготвување, облекување и тука негде помеѓу и ставањето дезодоранс.

Едно истражување покажало дека доколку го нанесете пред спиење, тој во текот на ноќта подобро ќе впие и следниот ден ќе има подобро дејство.

Во состојба на мирување кожата подобро го прифаќа дезодорансот отколку во утринските часови. Во текот на ноќта или генерално додека лежите. телесната температура опаѓа и во таква состојба речиси и да не се потиме или многу помалку. Пазувите остануваат суви, а жлездите за потење не се толку активни и најдобро ги впиваат состојките на дезодорансот и на тој начин го појачуваат своето дејство. Дезодорансите ве штитат од 12 до 24 часа, така што ќе бидете сигурни и заштитени од непријатните миризби во текот на целиот ден.

Најголем процент од луѓето користат дезодоранс веднаш по туширањето, а тоа е голема грешка. Влажната кожа многу тешко апсорбира било што, а посебно дезодоранс, така што поголемиот дел ќе заврши на облеката.

Дополнителен совет: Никако не се облекувајте веднаш по нанесување на дезодоранс. Откако ќе го нанесете почекајте да се исуши на кожата, па потоа облечете се за дезодорансот да не заврши на облеката.