После 100 години од завршетокот на Првата светска војна објавен е аудио запис на кој се снимени последните секунди од војната.
Материјалот е снимен во близина на реката Мозел, која поминува низ Франција, Германија и Луксембург. Последните моменти биле забележани во 11 часот наутро, на 11 ноември 1918 година.
Снимката започнува со звук на експлозии, а завршува со толку посакуваниот мир – тишината. Снимката е обновена од автентична лента.