Категории

Немате идеја за ручек? Испробајте ги овие превкусни полнети печурки (РЕЦЕПТ)

Немате идеја за ручек? Испробајте ги овие превкусни полнети печурки.

Состојки:

  • 600 гр печурки
  • 200 гр тиквици
  • 100 гр кромид
  • 150 гр домати
  • 60 мл маслиново масло
  • сол, бибер, кашкавал

Подготовка:

Исечете го кромидот, тиквичките и доматите на мали коцки (4 х 4 мм) и пржете на маслиново масло додека не испари течноста, потоа зачинете со сол и бибер.
Наполнете ги печурките со оваа мешавина, додадете малку кашкавал на врвот, ставете ги во тава за печење и печете на 200° околу 20 минути.

Добар апетит!

Прегледи:
1807
Објавено на:
27.11.2018