Категории

Овие намирници не треба да ги консумирате пред спиење

Стомачниот рефлукс создава многу проблеми во текот на денот, а особено може да биде мачен пред спиење. За да ги избегнете болките во стомакот, овие намирници не треба да ги консумирате пред спиење.

Газирани пијалаци
Тие спаѓаат во група на намирници кои содржат повеќе киселини отколку што можеме да ги најдеме во природата.

Масна храна
Заборавете на сладолед, колачи, хамбургери и сите видови на храна со голем дел од штетните масти, бидејќи делуваат исто како алкохол и газирани пијалоци.

Чоколадо
Освен маснотии, чоколадото содржи кофеин (во какаото) и теобромин, кој го потикнува стомакчниот рефлукс.

Сирење
Избегнувајте ги меките сорти на сирење како фета или моцарела. Бирајте мали количини на тврди сорти, како што е пармезан.

Цитруси
Иако се вкусни и здрави не треба да ги консумирате пред спиење, бидејќи содржат големи количини на киселина која го иритира вашиот стомак.

Кафе
Настрана од кофеинот поради кој нема да можете да спиете, кафето предизвикува дополнителна секреција на киселината во стомакот.