Категории

Домашните миленичиња можат да им помогнат на луѓето кои страдаат од депресија

Веќе е познато дека домашните миленичиња, особено кучињата и мачките, носат многу придобивки за менталното здравје на нивните сопственици. Затоа често животните се користат во третманот на пациентите кои страдаат од депресија или анксиозност.

Една нова студија, спроведена од страна на португалските психијатри, потврди дека мачките и кучињата во голема мера можат да ги олеснат тешките депресивни состојби на кои не делуваат конвенционалните терапии.

Во студијата, објавена во списанието “Journal of Psychiatric Research“, психијатрите проучувале 33 пациенти дијагностицирани со клиничка депресија. Лекарите ги советувале да купат домашно милениче.

По само 12 недели забележени се подобрувања. Авторите веруваат дека кучињата обезбедуваат дополнителни бенефиции, бидејќи ги принудуваат сопствениците на физичка активност, како и учество во различни социјални ситуации.
Луѓето поради депресија често не можат да уживаат во своите хобија, активности или дружења. Сепак, експертите посочуваат дека домашните миленици не се лек за депресија, туку само помош. Позитивните промени ќе ги почувствуваат само луѓето кои ги сакаат животните и кои имаат доволно време и пари за да се грижат за нив.