Направете вкусни посни кифлички за целото семејство!
Состојки:
- 500 г брашно
- 280 г вода
- 20 г масло
- 20 г квасец
- 15 г шеќер
- 10 г сол
- 60 г посен маргарин за мачкање
- 60 г посен маргарин за готвење
Подготовка:
Растопете го квасецот во малку вода и оставете го да отстои. Просејте брашно и оставете 4 лажички за подоцна, додадете шеќер и сол и помешајте. Во сувите состојки ставете го и растопениот квасец и остатокот од водата и маслото и сите намирници соединетен ги со рака без да додадете брашно. Откако ќе направте лепливо тесто постепено додавајте лажичка по лажичка од брашното кое го оставивте за подоцна додека не добиете убава смеса. Префрлете го на работна површина посипана со брашно и измесете го тестото.
Формирајте топка од тесто и оставете го 45 минути на топла вода да отстои. Поделете ја смесата на 3 дела и од секоја формирајте јуфка, оставете тестото да отстои уште 10 минути.