Категории

Дали постои судбина или ние самите ја создаваме?

Луѓето имаат тенденција да веруваат во судбина, која е изговор за сè што ни се случува, за ситуациите за кои немаме објаснување и за проблемите кои не можеме да ги решиме. Психолозите тврдат дека судбината често е дефанзивен механизам на несоодветните луѓе за справување со животните проблеми.

Филозофите би рекле дека ништо не се случува случајно, астролозите дека не одредуваат ѕвездите, а поетите дека не можеме да се скриеме од судбината. Научниците велат дека судбината е измислена, покритие за моментите кога ја губиме контролата врз сопствениот живот.


Дали универзумот ни ја креира судбината уште пред да се родиме или ние самите сме одговорни за она што ни се случува, бидејќи имаме слободна волја да одлучуваме?

Верување во судбина е, во голема мера, последица на начинот на кој сме израснати, бидејќи ги превземаме моделите на однесувањето и верувањата од родителите, кои ни се, во најраната возраст, модели. Дали ова верување ќе продолжи и во зрелиот живот, зависи најмногу од околината и искуствата што ги доживуваме. Најчесто сме склони тешките емотивни моменти да и ги припишуваме на судбината, како и настаните на кои не можеме да влијаеме.

Верување во судбината е, многу често, единствениот начин на кој нашата психа го совладува она што ни се случува. Во овие ситуации човекот ја губи надежта и сигурноста во себе, затоа му е полесно настаните да им ги припише на “повисоките сили” отколку да продолжи со борбата. Ова е еден вид на одбранбен механизам, кој ни помага да ги надминеме непријатните емоции и настани.

Во психологијата, ова се нарекува “внатрешен локус (центар) на контрола”. Ова значи дека сме свесни дека ние самите сме одговорни за нашиот живот и дека можеме да влијаеме на работите кои ни се случуваат. Кога сè ни оди добро, убедени сме дека ние самите сме одговорни за успехот. Меѓутоа, кога работите не се движат онака како што сме планирале, се свртуваме кон “надворешниот локус на контрола “, односно веруваме дека некој друг е виновен за неуспехот, луѓето околу нас, “повисока сила”, “судбина” …

Вербата во судбината е онолку моќна, колку што ќе и дозволиме.