Категории

Што е подобро: свеж или варен зеленчук?

Дали е подобро да се јаде свеж или варен зеленчук? Некои ќе речат дека е најдобро да го јадеме онака како најмногу го сакаме и нема да згрешат, бидејќи зеленчукот припаѓа на храна која треба да се конзумира неколку пати на ден.

Во последниве години често се говори дека суровиот, свежиот зеленчук носи максимална корист за човечкото тело. Резултатите од најновите истражувања ја покажуваат и другата страна на медалот, што значи дека некои вредни состојки можат подобро да се апсорбираат во варена варијанта. Варењето го омекнува зеленчукот и го прави полесен за варење, бидејќи некои вредни состојки од зеленчук (антиоксиданти и витамини) стануваат подобри за апсорпција.

Другите студии пак покажуваат дека со варењето на зеленчукот доаѓа до губење на подеднакво важните антиоксиданти – полифеноли. Станува очигледно дека термичката обработка ќе дејствува позитивно на едни, а негативно на други состојки.

Познато е дека со термичката обработка се уништуваат витамините, но не во голема мера. Точно е дека високите температури можат драстично да го намалат мнозинството витамини растворливи во вода, но тоа не треба да се запостави ниту со фактот дека кај свежиот зеленчук, исто така, се намалува износот на витамините со складирањето на зеленчукот. На пример, витаминот Ц е многу нестабилен; не е отпорен на топлината, светлината и воздухот, но се наоѓа во разновидна храна. Од друга страна, на витамините растворливи во мастите варењето не им пречи, а минералите не се подложни на термичките обработки.

И конечно, што да се одбере? Не е лесно да се спореди здравствената вредност на суровиот и варениот зеленчук сè додека постојат сомнежи кои треба да се решат – каква интеракција имаат различните молекули од зеленчукот со човечкиот организам. Додека научниците не се усогласат најбезбедната опција е во исхраната да се воведе свеж и варен зеленчук. Секој вид на зеленчук содржи одредени вредни состојки, затоа треба да се консумираат различни сезонски зеленчуци, кои ќе се подготват на различни начини.

Прегледи:
745
Објавено на:
24.12.2018