Категории

Овие работи можеме да ги дознаеме за луѓето на прв поглед

Со внимателно набљудување на некоја личност можете да научите многу работи за неа. Можеби ќе помислите дека ова е само површно надбљудување, но науката не се согласува со тоа. Имено, докажано е дека врз основа на говорна, вербална и невербална комуникација, на прв поглед можеме да донесеме валиден суд за некоја личност.

1. Карактеристики на личноста

Личноста се покажува на различни начини, а набљудувачот ги користи овие информации за да формира пресуда за личноста. На пример, можете да ги процените карактеристиките на личноста врз основа на тоа дали е отворена или затворена во комуникацијата. Експертите велат дека и преку гледање на фотографија на личноста можеме да претпоставиме, според ставот, дали таа личност е емотивно стабилна, пријатна за дружење или осамена.

2. Улога на лидер

Личности со доминантни настапи често се занимаваат со политика или ги преземаат улогите на извршните директори во профитабилните компании.

3. Лоши намери

Тајност, сомневање, нервоза и вербални напади го издаваат лицето кое нема добри намери кон вас.

4. Социо-економски статус

Врз надворешниот изглед може да се препознае социо-економскиот статус на одредена личност. Луѓе со повисок социо-економски статус често не се внимателни за време на разговорите. На пример, не се обидуваат да учествуваат во разговорот кој не е во сферата на нивниот интерес.

5. Привлечност

Од говорот на телото може да се препознае дали некој ве смета за привлечна личност. Подигнати веѓи и насмеани очи за време на разговорот, несвесно допирање за вратот…ако сте ги приметиле овие знаци кај вашиот соговорни, постоји голема можност дека му се допаѓате.